ЌЕ ЗГАСНЕ АЈФЕЛОВАТА КУЛА, СЕ ШТЕДИ СТРУЈА 300 рефлектори ќе бидат исклучувани во 23 и 45 часот

И други големи споменици и објекти низ Европа ќе ги угаснат своите светилки пред крајот на овој месец. Тоа значи помалку ноќен живот, но повеќе струја за жителите на тие метрополи.

155

Градот на светлината зимава ќе го изгуби шармот на Ајфеловата кула. Поради ригорозните мерки за штедење во Париз 300-те проектори кои ја осветлуваат оваа главна туристичка атракција ќе бидат гаснети во 23 и 45 часот секоја ноќ, Ова е планот на градончалничката Ан Идалго кој таа неделава ќе им го претстави на градските власти, пишува француски Журнал.

Една од најпосетуваните атракции во светот, обично е осветлена до 1 часот по полноќ, а покрај тоа, свети пет минути на секој час до самрак, благодарение на 20.000 треперливи светилки, пишува Гардијан и додава дека во четвртокот вечерта, осветлувањето на кулата било исклучена поради смртта на кралицата Елизабета Втора.






И други големи споменици и објекти низ Европа ќе ги угаснат своите светилки пред крајот на овој месец. Тоа значи помалку ноќен живот, но повеќе струја за жителите на тие метрополи.

Поврзани содржини