ЌЕ ЗАВРШИ ЛИ ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО БУГАРИЈА? Радев му даде рок на Главчев до понеделник да го претстави составот на новата привремена влада

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Тој му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“.

243

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, повторно го номинираше Димитар Главчев за кандидат за привремен премиер, соопшти прес-службата на шефот на бугарската држава.

Во 12 часот, претседателот го прими кандидатот за привремен премиер во претседателската институција. Радев му наложи на Димитар Главчев пред сè да предложи „внимателно разгледани промени во составот на владата“.






– Инсистирам вашата влада да го стави како основен приоритет спречувањето на купувањето гласови… Ова е неопходен услов за успехот на овој мандат. Се надевам дека бев сосема јасен – истакна бугарскиот претседател.

Румен Радев му даде рок на Димитар Главчев до понеделник да му го претстави составот на новата привремена влада.

Ако бидеме успешни, изборите ќе се одржат на 27 октомври, додаде Радев.

Димитар Главчев не прецизираше дали ќе го смени министерот за внатрешни работи Калин Стојанов, како што бараат сите политички сили, освен Делјан Пеевски. Тој само изјави дека ќе ги исполни „очекувањата на јавноста“ за да се намали политичката напнатост.

Димитар Главчев вчера разреши петмина заменик-министри од актуелната влада без да посочи мотиви за тоа.

„ГОСПОДИНОТ КЕШ“, РУМЕН РАДЕВ, СОЗДАВА УСТАВНА КРИЗА ВО БУГАРИЈА? Изгледа долго ќе чекаме Бугарите да влезат во Софија

Поврзани содржини