ЌЕ Ѝ ЗАВРШАТ ЛИ РАБОТА ГЕРМАНСКИТЕ ОРУЖЈА НА УКРАИНА? Тенкови од 90-тите, ракети „Стингер“, рачни минофрлачи…(ФОТО)

За разлика од тенкот „Леопард“, самоодната хаубица од 2000 година може да истрела проектили само кога стои, така што несомнено е послаба во однос на тенкот во борба. Таа мора да ја смени позицијата веднаш по пукањето за да избегне возвратен оган. Хаубицата може да се движи со брзина до 60 километри на час, има радиус на движење од околу 420 километри.

830

Неколку типа тенкови, оклопни возила, хаубици, ракети „Стингер“, рачни фрлачи и друго мало оружје одлучи да ѝ испрати Германија на Украина, за да ги подобри односите откако беше обвинета дека е воздржана по однос на санкциите и помошта. Одлуката ја потврди канцеларот Шолц кој наскоро планира да ја посети земјата.

За разлика од САД кои одобрија 40 милијарди долари за Украина и се концентрираат на дронови и висока технологија и електроника, оружјето кое ќе го прати Германија не е баш од најнов датум. Дојче Веле пишува за што точно се работи.






Противвоздушниот тенк „Чита“

Гепардот, на англиски „Чита“, има два топа од 35 милиметри и се користи во борба против авиони и хеликоптери на височина до 3.500 метри, како и против лесни оклопни цели на земја. Тоа значи дека може да се користи и за одбрана и за напад. Гепардот, сепак, нема да има шанса против руските борбени тенкови, бидејќи неговите топови се релативно мали во калибар. Има радиус на движење од околу 550 километри, а може да се движи и низ вода, без посебна дополнителна опрема.

Гепардот се произведува од 1976 година, а она што е важно за мисијата во Украина е тоа што оружјето на Гепард е развиено, меѓу другото, и за борба против оклопните напаѓачки хеликоптери, како што е советско-рускиот Ми-24.

Самоодна хаубица од 2000 година

 Станува збор за оклопен самооден артилериски топ од 155 милиметри, кој може да постигне брзина на истрелување од три проектили за десет секунди. Во зависност од муницијата, топот целите може да ги уништи на далечина од 30 или дури од 56 километри. Првите модели потекнуваат од 1998 година.

За разлика од тенкот „Леопард“, самоодната хаубица од 2000 година може да истрела проектили само кога стои, така што несомнено е послаба во однос на тенкот во борба. Таа мора да ја смени позицијата веднаш по пукањето за да избегне возвратен оган. Хаубицата може да се движи со брзина до 60 километри на час, има радиус на движење од околу 420 километри. Исто така, поминува низ вода до длабочина од околу метар и половина. Со воздушна поддршка, ова оружје успешно се користеше во Авганистан во 2006 и 2007 година.

Според германската министерка за одбрана Кристина Ламбрехт, Бундесверот има околу 100 хаубици, од кои околу 40 се оперативни. Владата во Берлин ѝ вети на Украина седум хаубици, но тие прво мора да профункционираат, што може да трае до летото.

Оклопен транспортер „Мардер“

 Овие оклопни транспортери се користат за транспорт на пешадија, но и за огнена поддршка. „Мардер“ нуди простор за шест или седум војници и има автоматски топ од 20 милиметри или, по избор, наведувани проектили од типот „Милано“ против цели на земја или во воздух. За да се заштити од оган, „Мардер“ има заштитен систем за вентилација, а благодарение на хидрауликата може да се движи низ вода до длабочина од два метри.

Oва возило се произведува од 1971 година, што значи дека е постар од Гепард. Во Германија постепено се заменува со моделот „Пумa“. Сепак, „Мардер“ сè уште се користи во германските вооружени сили, како и во голем број други земји. Тој ја покажа својата ефикасност во мисиите во Косово и во Авганистан.

Боречки тенк „Леопард 2“

 Тенкот Леопард 2 е класичен претставник на тешкото оружје произведено во Германија. Во сериско производство е од 1978 година и оттогаш многупати е усовршуван. Во Бундесверот не се планира замена за него до 2030 година.

Поради големиот успех во извозот, компанијата „Краус-Мафеј Вегман“, која го произведува, прави многу различни верзии, а секоја е прилагодена на посебните барања на купувачот. Се произведува и во странство, под лиценца. Претходниот модел, „Леопард 1“, исто така се продаваше многу добро и сѐ уште се користи во многу армии низ светот.

„Леопард 2“ е наменет за одбрана од непријателски оклопни формации и има 120 милиметарски топ со кој може да пука и да се движи. Дури и при возење на нерамен терен, топот останува насочен кон целта. Со дополнителна опрема, „Леопард 2“ може да се движи низ вода до длабочина од четири метри, а ABC заштитата е дизајнирана до 48 часа.

Според канадските и данските војници кои го користеле во Авганистан, „Леопард 2“ покажал високо ниво на заштита од напади. Политички чувствителната работа поврзана со тој тенк е тоа што Турција го користеше во своите акции во северна Сирија.

Досега германската влада не ѝ ветила на Украина транспортер „Мардер“ или тенк „Леопард 2“, но украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник, бара „брз извоз на 88 тенкови Леопард 2, 100 транспортери Мардер, самоодни хаубици и многу повеќе“.

Ракетата „Стингер“ ФИМ-92

 Стингер е ракета земја-воздух која се лансира од рамо и има инфрацрвено наведување. Се произведува од 1980 година од „Raytheon“ во САД, но и во Европа, вклучително и во Германија. Откако ќе ја пронајде целта, на пример борбен авион или хеликоптер,  автоматски ја следи на растојание од околу 4.000 метри. Боевата глава експлодира со временско задоцнување.

„Стингерите“ се покажаа како многу ефикасно оружје, лесно за употреба. За време на советската окупација на Авганистан, борци опремени со овие ракети од САД соборија многу советски авиони и хеликоптери.

Покрај САД, Холандија и Латвија, Германија испорачала и 500 „Стингери“ од Бундесверот во Украина од почетокот на војната.

Рачниот фрлач „Панцерфауст“

Членовите на германскиот Бундесвер, како и другите армии, го користат стандардниот „Панцерфауст 3“, кој го произведува Нобелот за динамит во Германија од 1992 година, за борба против тенкови и оклопни возила. Може да гаѓа фиксни цели до 400 метри, а мобилни цели до 300 метри. Проектилот може да навлезе до 30 сантиметри во оклопен челик и до 24 сантиметри во армиран бетон.

Различни мали оружја

 До крајот на април, Германија испрати 100 автоматски пушки, 100.000 рачни гранати, 2.000 мини, околу 5.300 експлозивни полнења и повеќе од 16 милиони парчиња муниција од различен калибар, од автомати до тешки митралези.

Податоците за овие испораки доаѓаат од круговите на украинската влада, бидејќи за разлика од тешкото вооружување како тенкови, Германија не објави кои помали оружја му ги испорачува на Киев.

Поврзани содржини