ЌЕ ВРНЕ И СИЛНО ЌЕ ВЕЕ ЗА ПРОДОЛЖЕНИОТ ВИКЕНД Променливото време ќе прерасне во невреме

Во петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар), грмежи и силен ветер (над 60 км/час).

0

Времето во среда, 20 мај, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 км/час, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.






В четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

В петок и во деновите од продолжениот викенд на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар), грмежи и силен ветер (над 60 км/час).

Поврзани содржини