Приватните превозници од понеделник нема да сообраќаат во Скопје. Патници ќе превезуваат само од 5 часот до 10 часот наутро и потоа ќе се вратат во гаражите.
Превозниците влеат дека сепак нема да протестираат и дека оваа нивна одлука да не сообраќаат не е само поради неисплатените плати, туку и заради останатите трошоци за сообраќање на градските линии во Скопје.
Од тие причини, од понеделник наутро ќе се исклучат и градот повторно ќе остане без приватни превозници.
Пред повеќе од една година Скопје остана без јавен превоз откако приватните превозници неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите. Пред четири месеци и вработените во ЈСП со двочасовен прекин запреа со работа поради доцнење на плата.