Ќе вдомиме Авганистанци, само не се правете големи хуманисти, кога не сте!

Ми се јавува двоен сомнеж, дека повеќе од хуманитарен гест, нашата влада е во трка по западните пари и по западната поддршка, без која никогаш немаше да дојдат, ниту пак можат да се одржат на власт.

3,123

Македонија треба да помогне и ќе помогне, вдомувајќи Авганистанци, бидејќи тоа е исправното нешто.

Бевме дел од таа идиотска меѓународна коалиција, наши војници ризикуваа животи, наши луѓе пронајдоа заработка во Авганистан.






Не се работи за оддолжување, се работи за консеквентност, особено сега кога сме членка на поразената НАТО.

Но, треба да се има и осет, а нашиот државен врв докажал во илјада околности дека го нема.

Ќе земеме луѓе, но прво вратете ги нашите, па зборете.

Ќе земеме, но уште имаме раселени лица во државава.

Ќе земеме, но прво потсетете го светот дека Македонија веќе вдоми 300.000 Косовари и дека не може постојано послабиот да плаќа за грешките на големите.

Уствари, кога сме кај плаќање, ми се јавува двоен сомнеж, дека повеќе од хуманитарен гест, нашата влада е во трка по западните пари и по западната поддршка, без која никогаш немаше да дојдат, ниту пак можат да се одржат на власт.

И не се правете големи хуманисти, кога токму вие, заедно со европската поддршка на ксенофобните земји-членки, ја затворивте балканската рута за бегалците од Сирија.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини