ЌЕ ТРОШИ ЛИ ЗЕМЈАВА СТРУЈА ОД ХЕЦ „ЧЕБРЕН“? Бектеши убедува дека ќе се прави договор според потребите и потрошувачката

ХЕЦ „Чебрен“ по пат на јавно-приватно партнерство  ќе ја гради грчката компанија „Архиродон“ која според тендерот ќе управува со неа 60 години колку што е нејзината концедија.

897

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска појасни дека од произведените количини на електрична енергија на ХЕЦ „Чебрен“, која допрва ќе се гради,  ќе се троши во земјава согласно потребите и потрошувачката на земјата. Тој меѓутоа не кажа по која цена ќе биде таа струја.

– Секој енергетски капацитет кој е на територијата на земјата има механизми државата, според последните измени на Законот за енергетика, да направи одредени обврски за одредена количина на струја да остане во државата согласно потребите и потрошувачката. Не е иста потрошувачката во лето и зима, ќе се согласите. Најважно е вакви енергетски капацитети да имаме во земјата. Тоа ние го правиме и со фотоволтаиците и сега со изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ – рече Бектеши.






Бектеши не кажа по која цена ќе биде таа струја.

ХЕЦ „Чебрен“ по пат на јавно-приватно партнерство  ќе ја гради грчката компанија „Архиродон“ која според тендерот ќе управува со неа 60 години колку што е нејзината концедија.

Хидроцентралата е проектирана со 333 мегавати минимум инсталирана моќност, а првото производство се очекува од 2029 година.

 

Поврзани содржини