ЌЕ СТАНЕТЕ ЛЕГИТИМНА ЦЕЛ ЗА ДИРЕКТЕН ВОЕН КОНФЛИКТ Захарова упати жестока закана

Во случај да се појави американско нуклеарно оружје на северот на Европа, тогаш безбедноста на земјата што го прима тоа оружје нема да биде зајакната, туку очигледно ќе биде оштетена – рече портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

879

Појавата на американско нуклеарно оружје во северна Европа нема да ја зајакне безбедноста на земјата што го прима ова оружје, туку ќе ја ослаби, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Во случај да се појави американско нуклеарно оружје на северот на Европа, тогаш безбедноста на земјата што го прима тоа оружје нема да биде зајакната, туку очигледно ќе биде оштетена – рече Захарова.






Таа истакна дека другите земји од континентот ќе бидат принудени да го земат тоа предвид.

– Не треба да си воен стратег за да разбереш дека слични објекти ќе бидат извор на директни закани и, се разбира, неизбежно ќе влезат во списокот на легитимни цели дефинирани со сценариото за директен воен конфликт меѓу нашата земја и НАТО. Ние сфаќаме дека токму тоа го форсираат Соединетите Американски Држави и нивните сателити – изјави Захарова.

И поктрај острата закана, Захарова додаде дека Русија не планира и никогаш не планирала да нападне некого, вклучително и НАТО.

Поврзани содржини