Ќе се зголеми бројот на придружни членови на Кризниот штаб во Куманово

Ова се дел од заклучоците од денешната 37 седница на општинскиот штаб за заштита и спасување.

223

Кризниот штаб на Куманово ќе го зголеми бројот на придружни членови од Советот на општината, апелираше до невалдините и политичките партии да се координираат со штабот при делење на помош, општината да подготви промотивен материјал со препораки за граѓаните.

Претседателот на Советот и координаторите на советничките групи ќе се координираат со штабот во однос на ангажирање на дополнителни членови кои редовно ќе ги следат состојбите и активностите за справување со епидемијата.Ова се дел од заклучоците од денешната 37 седница на општинскиот штаб за заштита и спасување.






„ОШЗС уште еднаш укажува на невладините организации, здруженија и политички субјекти и поединци да се почитуваат препораките и одлуките на ОШЗС, во однос на делење на хуманитарна помош, тоа исклучиво да биде во соработка со ОШЗС, за да се избегне непотребно групирање на граѓани, неконтролирано делење и евентуални прекршувања на препораките и мерките на Владата“, се вели во соопштението на штабот.

Од штабот упатија барање до општината да подготви материјали, флаери, плакати, билборди преку кои граѓаните ќе се едуцираат за мерките за заштита од ширење на коронавирусот.

Поврзани содржини