📷 „ЌЕ СЕ ВРАТАМ ПОСИЛЕН“ Калин Ивановски објави фотографија од болничкиот кревет

Во објавата на социјалните мрежи тој денеска соопшти дека сѐ поминало во најдобар ред и дека ќе се врати посилен од кога било претходно. 

1,270

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски денеска во Минхен имаше успешна операција на колкот.

Повредата го мачеше 20-годишникот од стартот на оваа сезона поради што не учествуваше на ниеден турнир.

Информацијата дека ќе мора да оди на операција ја објави кон крајот на март, а враќањето на тениските терени се очекува во септември или во октомври.

Во објавата на социјалните мрежи тој денеска соопшти дека сѐ поминало во најдобар ред и дека ќе се врати посилен од кога било претходно.

Својот последен настап, Ивановски го имаше кон крајот на ноември, на турнир во Јапонија откако претходно оствари неколку добри резултати и дојде до најдобар ранкинг во кариерата. Во зимскиот период дури тренираше со Новак Ѓоковиќ, но ќе поминат уште неколку месеци додека го видиме пак во игра.

Поврзани содржини