Ќе се воведе двонеделен карантин за тие што доаѓаат од Африка

Министерството за здравство информира дека Комисијата за заразни болести ќе ја предложи оваа а можеби и други мерки.

427

Комисијата за заразни билести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лица кои доаѓаат од сите африкански земји, соопшти Министерството за здравство.

Според податоците на Министерството, досега во земјава не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.






„Во текот на утрешниот ден, МАНУ ќе изврши анализа на бирсеви на двајца пацинети ковид позитивни кои се вратиле од патување од Занзибар. Пацинетите се хоспитализирани веднаш откако ги пројавиле првите симптоми на вирусот СарсКОв2“, стои во соопштението.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, додаваат оттаму,  согласно актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје, не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување на понатамошно ширење на ковид-19 вирусот.

Оттаму апелираат граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на раце и држење дистанца.

Поврзани содржини