ЌЕ СЕ ТРКААТ РОДИТЕЛИ СО БЕБЕШКИ КОЛИЧКИ Центарот на Скопје ќе биде затворен за сообраќај
Утре, недела, 1 јуни, од 17 до 18 часот ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради одржување ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска трка и трка на родители со бебешки колички, соопшти скопската полиција.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
„Трката ќе почне со стартна позиција од Порта Македонија, десно по должина на улицата Димитрие Чуповски, десно по улицата Васил Главинов, право по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден, до крстосница со улицата Наум Наумовски Борче во Градскиот парк кај споменикот на Гоце Делчев“, соопшти СВР Скопје.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.