Ќе се спасува Преспанско Езеро, алармирани институциите и соседите

Во процесот на решавање на проблемот ќе биде вклучено и Министерството за земјоделство бидејќи  земјоделскиот сектор кој има големо влијание во овој регион.

556

Итна реакција на домашните институции и забрзување на работата на трирателарната комисија со соседните држави за спас на  Преспанското Езеро договориле  министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски, откако деновиве беше алармирано дека езерото останува без вода.

– Договорено е итно да се стави во функција работната група за чие формирање изминатиот период од страна на Министерството за животна средина се направени консултации со повеќе засегнати страни, пред се стручните лица во областа, како и претставниците на општините и невладините организации со докажани резултати во Преспанскиот регион –  информираа од страна на  Министерството за животна средина и просторно планирање.






Во процесот на решавање на проблемот ќе биде вклучено и Министерството за земјоделство бидејќи  земјоделскиот сектор кој има големо влијание во овој регион.

Клучен фактор за успешно справување со прашањето, посочуваат од МЖСПП останува интензивирањето на активностите за завршување на процесот на формирање на трилатералниот комитет за Преспа Паркот, за кој штотуку беа номинирани членовите од македонската и грчката страна, а номинацијата од Албанија е во тек.

Поврзани содржини