„ГРДАТА ВИСТИНА“ ЗА ФЕЈСБУК НА ГОЛЕМОТО ПЛАТНО Ќе се снима серија за сите злоупотреби на компанијата

Сега Фејсбук се подготвува за потенцијална правна битка против продуцентите на серијата со ангажирање на Метју Розенгарт – истиот адвокат кој ѝ помогна на Бритни Спирс да се ослободи од нејзиното навредливо конзерваторство. Розенгарт испрати писмо до Anonymous Content, продуцентската куќа на серијата, во кое се заканува со правна постапка доколку серијата содржи некакви лаги или претерувања за Фејсбук.

452

Ич не е време да се биде најголемата социјална мрежа во светот во моменти кога протекоа толку документи за злоупотребите на информации и говорот на омраза кој Фејсбук го дозволи и со тоа можеби влијаеше на исходот од корона-пандемијата во САД, на манипулацијата со малолетници … протекувања кои доведоа Фејсбук да седне пред судот во американскиот Сенат.

„Грдата вистина“ за Фејсбук на големото платно






Но, освен судењето кое е во тек, Марк Закерберг го чека нов предизвик: во САД ќе се снима ТВ-серија под наслов „Doomsday Machine“ (Апокалиптична машина) која ќе ги опфаќа сите скандали на компанијата од 2016 година, а ќе биде напишана по книгата „Грдата вистина: внатре во битката на Фејсбук за доминација“ од Шира Френкел и Сесилија Канг, пишува Футуризам.

Книгата детално објаснува како социјалниот гигант помогнал да се платформа и да се засили говорот на омраза, да се шират дезинформации и да се загрозат личните податоци на своите корисници.

 

Време е за адвокатот на Бритни Спирс – Мартин Розенгарт

Сега Фејсбук се подготвува за потенцијална правна битка против продуцентите на серијата со ангажирање на Метју Розенгарт – истиот адвокат кој ѝ помогна на Бритни Спирс да се ослободи од нејзиното навредливо конзерваторство, според „Дедлајн“. Розенгарт испрати писмо до Anonymous Content, продуцентската куќа на серијата, во кое се заканува со правна постапка доколку серијата содржи некакви лаги или претерувања за Фејсбук.

„Иако нашиот клиент е јавна личност, вистината сè уште е важна“, напиша Розенгарт во писмото, до кое дојде „Дедлајн“.

Во своето писмо, Розенгарт, исто така, рече дека „Грдата вистина“ е „полна со лажни и клеветнички изјави, карактеризации и импликации за Фејсбук и неговото раководство“. Доколку некоја од наводните лаги биде објавена на телевизија, рече тој, компанијата ќе ги преземе „сите соодветни правни мерки“.

фото: Јутјуб/принтскрин

Закерберг не ги исклучи лажните вести на време

Тешко ќе му биде на Закерберг да се бори со сите обвинувања во и вон серијата. На пример, прашањето дали треба да се замолчат некои про-конзервативни и антиваксерските групи на страницата беше голема дебата во компанијата, а на крајот сепак беше одлучено дека слободата на говорот е поважна од лажните информации или говорот на омраза, пишува Јутарни.

Многу работници од технолошките гиганти исто така веруваат дека компанијата неправедно прави исклучоци од својата политика кон лажни вести кога станува збор за одредени издавачи.

– Поточно, Фејсбук им даде посебен третман на конзервативните издавачи, меѓу кои „Брајтбарт“, „Дијаманти и свила“, „Чарли Крик“ и „ПрејгерЈу“ – изјави неименуван вработен.

Портпаролот на Фејсбук, Џо Озборн, за „Фајненшл тајмс“се правдаше дека „во срцето на овие приказни е лажна премиса“.

– Да, ние сме бизнис и остваруваме профит, но идејата да го направиме тоа на сметка на човековата безбедност или благосостојба е недоразбирање каде лежат нашите комерцијални интереси. Вистина е дека инвестиравме 13 милијарди долари и дека имаме над 40.000 луѓе кои работат една работа – чувајте ги луѓето на Фејсбук – истакна Озборн.

Фејсбук ги поттикна настаните и влезот во Капитол?

Меѓу обвинувањата има интересни факти. На пример, дека Фејсбук влијаел да се случи упадот во американксиот Капитол годинава бидејќи настанот бил организиран преку мрежата од разни групи кои не биле цензурирани.

Други документи пак, сугерират дека Фејсбук индиректно придонел да се прошири антиваксерката теорија на заговор под име „Канон“ која понатаму заведе многу Американци да не се вакцинираат. Лани во август, еден од вработените во компанијата се жалеше дека предложените измени на дизајнот со кој би се намалиле ваквите лажни вести и притсапот до нив биле постојано одлагани со изговор дека самиот фејсбук-корисник треба да биде поангажиран и самосвесен.

Некои од документите кои ги објави Френсис Хоген, поранешна вработена во компанијата, која и сведочеше на судењето, сугерираат дека Фејсбук наводно ги измамил инвеститорите и го прикрил бавниот раст меѓу клучните демографски групи како што се младите корисници во САД. Документите зборуваат и за неуспехот на Фејсбук во борбата против глобалната трговија со луѓе.

Акциите на компанијата пораснаа за 0,4 отсто во понеделникот наутро – на 325,75 долари, но потонаа за над 15 отсто од почетокот на септември, откако Хоген ги подели внатрешните документи на компанијата и ги повика законодавците да го регулираат технолошкиот гигант.

Поврзани содржини