ЌЕ СЕ РЕШАВА ДЕЦЕНИСКИОТ ПРОБЛЕМ НА СКОПЈАНИ Ќе се проширува Теодосиј Гологанов до Порта Влае

Со проширувањето и изградбата на булеварско решение со 4 коловозни ленти и изградба на нов мост на реката Вардар, сообраќајниот метеж на оваа делница значително ќе се намали, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, велат од Град Скопје.

288

Градот Скопје отпочна со проектирање на ново сообраќајно решение за булеварот Теодосиј Гологанов кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ до Порта Влае, ветување на градоначалничката Данела Арсовска од програмата „За модерно Скопје“.

Како што информираат од Градот, проектот за проширување на булеварот Теодосиј Гологанов е од крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе, па ќе се протега преку улица Војвода Васил Чакаларов до крстосницата со булеварот Ѓорче Петров кај Порта Влае.






„Новиот урбанистички проект за линиска инфраструктура предвидува изработка на проект во сите фази, поточно сообраќаен проект, инсталации за јавно осветлување, водоводна, фекална и атмосферска канализација, со сите подземни и надземни инсталации. Со проширувањето и изградбата на булеварско решение со 4 коловозни ленти и изградба на нов мост на реката Вардар, сообраќајниот метеж на оваа делница значително ќе се намали, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, велат од Град Скопје.

Оттаму додаваа дека ова е од исклучителна важност за сите граѓани, бидејќи бул. Митрополит Теодосиј Гологанов заедно со бул. Партизански одреди се главните сообраќајни артерии во овој дел од градот, како и главната влезна артерија кон централното градско подрачје од западниот влез на Скопје.

„Со реализацијата на овој проект се исполнува уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со проектирање. Град Скопје како имплементација на проектите од програмата ја реализираше и изградбата на водоводна и канализациска мрежа и целосна реконструкција на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св. Климент Охридски до кружниот тек кај Католичката црква“, пишува во соопштението до Град Скопје.

Поврзани содржини