ЌЕ СЕ РЕНОВИРА УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР Ако има наплив пациентите ќе се праќаат во други болници

Ако има наплив на пациенти договорено е тие од внатрешноста да се носат во ГОБ „8 Септември“, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

194

Ургентниот центар во Скопје ќе работи со помал капацитет поради реновирање, од идната недела до јули, објави ТВ Сител.

Директорот на ТОАРИЛУЦ д-р Александар Трајановски уверува дека и за време на реновирањето ќе се примаат итните случаи.






Влезот за амбуланските возила ќе биде од страната на Стоматологија, а прегледите ќе се вршат во трите амбуланти на Трауматологија.

– Апсолутно ќе функционира Ургентниот центар како што функционирал досега, во помал обем, но сепак ќе бидат згрижени сите пациенти. Планираме реновирањето да трае еден до два месеца и преземени се сите активности за да нема несакани проблеми – изјави Трајановски.

Ако има наплив на пациенти договорено е тие од внатрешноста да се носат во ГОБ 8 Септември, а итните случаи од Скопје во Старата градска болница.

Поврзани содржини