ЌЕ СЕ РЕГУЛИРА РАБОТЕЊЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ И СТУДЕНТИТЕ Измените на законот за работно ангажирање на лица имаат делумна поддршка од опозицијата

Премиерот е задоволен од резултатите на економијата во последните два квартала од 2024 година и очекува уште подобри резултати во првиот квартал годинава.

377

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавените измени на законот за работно ангажирање на лица, истакна дека е тоа закон за кој којшто делумно има поддршка и од опозицијата.

-Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или оние лица коишто се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата – рече Мицкоски.






Тој рече и дека е задоволен од резултатите на економијата во третиот и четвртиот квартал.

– Тие се меѓу петте во Европа, над 3%. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување – рече Мицкоски.

Поврзани содржини