Ќе се работи на заштита и конзервација на наоди од локалитетот Скупи

Проектите ќе ги реализираат стручни екипи на ЈУ Музеј на град Скопје до 30 декември годинава.

363

Активности поврзани со тековно одржување и систематски археолошки истражувања на две локации од локалитетот Скупи, како и непосредна заштита на дел од движните археолошки наоди, на едно од најголемите и највредни археолошки наоѓалишта од римско и доцноантичкото време кај нас, започнува од 5 мај годинава, информираат од Министерството за култура.

Проектите ќе ги реализираат стручни екипи на ЈУ Музеј на град Скопје до 30 декември годинава.






Стручните екипи на Музејот на град Скопје ќе изведуваат и активности поврзани со конзервација на многуброен движен археолошки материјал, откриен на повеќе локации од локалитетот Скупи во претходните години, покрај тоа, ќе се преземаат и активности за тековно и сезонско одржување на локалитетот со отстранување трева и дива вегетација, кои, поради природата на проектот се одвиваат во текот на целата година.

Сите активности, информираат од Министерството за култура, се реализираат на дел од заштитеното подрачје од локалитетот, односно на делот со регулирани имотно-правни односи, кој е во владение на ЈУ Музеј на град Скопје (т. н. Археолошки парк Скупи).

Поврзани содржини