ЌЕ СЕ ПРОВЕРУВА ВИСОКАТА СМРТНОСТ Филипче најави скрининг на починатите од ковид-19

Тој потенцираше дека во скринингот ќе биде опфатена здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи.

314

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека за високата смртност од ковид-19 ќе се прави анализа во Македонија.

Тој кажа дека изработката на анализата ќе земе време. Посочи и дека има протокол за лекување, а тоа се прави според клиничката слика, како и дека во Скопје се носат најтешките случаи.






– Една подетална, којашто ќе ја анализира здравствената состојба на пациентите. 73 проценти од пациентите кои починале имале најмалку 2 хронични болести. Ова бара еден детална скрининг на здравствената состојба на граѓаните кај нас – одговори Филипче

Тој потенцираше дека во скринингот ќе биде опфатена здравствената состојба, пристапот во редовноста во земањето терапија, начинот на лекување, колку често се јавувале на прегледи.

– Ова е една важна анализа. Во делот на типот на лекување, потешките случаи се упатуваат на лекување во Скопје. Се сместуваат во болницата 8 септември, на Инфективната. Се знае како се пристапува. Нема кој еднаква клиничка слика. Од тоа зависи терапијата и дозирањето на лековите – вели министерот.

Смртноста од ковид-19 во Македонија е висока, и ако се мери на 100.000 жители и доколку се пресметува процент од заразени и починати. Зошто е ова вака, чувме само образложенија за хронични болести, дијабет, згоеност, срцеви заболувања, нешто што не е баш доволно издржано.

Поврзани содржини