Ќе се проширува листата на граѓани опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија?

Регулаторната комисија за енергетика стои зад предлогот, за кој синдикатите тртеба да дадат свое мислење.

588

Проширување на листата на граѓани кои се опфатени со субвенции за енергетска сиромаштија со оние лица кои се погодени од здравствената криза е една од опциите што може да се преземе за да се заштитат ранливите потрошувачи погодени од ковид кризата,предлага Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Ова денеска им го соопшти претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на синдикалните лидери Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ).






– Станува збор за механизам кој подразбира привремено проширување на постоечка листа за надомест за енергетска сиромаштија со лица кои се погодени директно од здравствената криза. Ние треба да им помогнеме на најранливите, а не да ги субвенционираме богатите – ова воедно е и заедничка препорака на РКЕ и Секретаријатот на Енергетската заедница. Институциите мора да разгледаат кои предлог- решенија се применливи: проширување на листата на граѓани со субвенции, намалување на ДДВ-то за потрошената електрична енергија и слично. Сега на потег е Собранието и надлежните министерства како предлагачи на измени во закон – рече Бислимоски.

Според него, РКЕ е ставена на располагање со сиот свој капацитет да биде логистика во процесот на разговори кои синдикатите ќе ги водат со Владата и со соодветни анализи и практики да го аргументира барањето за помош кон најранливите категории граѓани.

Претставниците на синдикатите посочија дека ќе го разгледаат предлог-решението од РКЕ во рамки на органите и телата на синдикатите и за него ќе продолжат со разговори на следните состаноци на кои ќе бидат поканети и граѓански организации.

Поврзани содржини