ЌЕ СЕ ПРОЦЕНУВА ШТЕТАТА ОД НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ВО РЕСЕНСКО Земјоделците од понеделник може да пријавуваат штета
Министерот за земјоделство ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени коишто се направени на терен.
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски денеска од Ресен вети дека владата ќе ги обесштети земјоделците кои претрпеа штети од ниските температури.
Трипуновски за штетите од ниските температури во ресенско денеска разговарал со градоначалникот на општината.
– Сакам да информирам дека веќе денес на итна седница на Советот на Општина Ресен ќе се донесе одлука за прогласување на природна непогода, ќе се формира комисија за процена на штета и од понеделник ќе се објави Јавниот повик на кој што сите земјоделци треба да пријават, ако имаат настанати штети од ниските температури во изминативе денови – рече Трипуновски.
Тој ги повика сите земјоделци да ги пријават настанатите штети од ниските температури. Општинските комисии навремено да ги сработат сите барања и процени коишто се направени на терен.