ЌЕ СЕ ОБЈАВУВА САМО ЗА ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА ЈУЖНАТА ГРАНИЦА НА САД Пентагон ги прекина сите објави на социјалните мрежи

Наредбата, одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе остане во сила додека не се потврди новиот секретар за одбрана и не се донесе спротивна одлука.

702

Пентагон издаде наредба за итна глобална пауза на сите објави на социјалните мрежи, освен на оние што се поврзани со воената операција и со распоредувањето на американската војска на јужната граница, објави Фокс њуз.

Наредбата, одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе остане во сила додека не се потврди новиот секретар за одбрана и не се донесе спротивна одлука.






Паузата ќе трае неколку дена, додека не се издадат упатства за сите вработени воени и цивилни лица, задолжени за социјалните мрежи.

Објавите ќе се фокусираат само на теми поврзани со „подготвеноста и способноста за време на војната“, соопштија претставници на Пентагон.

Паузата се однесува само на социјалните медиуми, додека соопштенијата за медиумите и информациите за тековните воени операции ќе продолжат да бидат достапни преку официјалните владини веб-страници.

Мрежите нема да се исклучат и нема да бидат отстранети претходните објави.

Поврзани содржини