ЌЕ СЕ ОБЈАВАТ ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПОРАНЕШНИОТ ПРИНЦ ЕНДРУ Британскиот парламент донесе одлука

Поранешниот принц Ендру минатата недела беше приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Тој е ослободен без обвинение, а истрагата против него продолжува.

64

Долниот дом на британскиот парламент денеска одобри објавување на документи поврзани со именувањето на поранешниот британски принц Ендру за трговски претставник – позиција што ја држеше една деценија, за време на која е осомничен дека му пренесувал владини информации на покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник и педофил Џефри Епстин.

Не е познато кога документите ќе бидат објавени.






Поранешниот принц Ендру минатата недела беше приведен под сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Тој е ослободен без обвинение, а истрагата против него продолжува.

Предлогот беше поднесен од лидерот на Либералните демократи Ед Дејви.

– Во многу погледи ова е првиот вистински глобален скандал: од Белата куќа и Силиконската долина до Осло и Париз, но тоа е и длабоко британски скандал, кој допира до врвот на британската елита – истакна Дејви на отворањето на дебатата во полупразна сала.

На помладиот брат на кралот Чарлс Трети минатата година му беа одземени титулите поради откритија за неговите врски со Епстин. Сега е познат како Ендру Маунтбатен-Виндзор.

Дебатата во британскиот парламент уследи по одлуката на Министерството за правда на САД да објави милиони страници документи поврзани со Епстин, кои откриваат како финансиерот користел меѓународна мрежа од богати, познати пријатели за да стекне влијание и сексуално да експлоатира млади жени, но и деца.

Поврзани содржини