ЌЕ СЕ НАПОЛНАТ ЛИ ОВОЈ ПАТ ЦЕНТРИТЕ ВО АЛБАНИЈА? Италија повторно донесе одлука за трансфер на нелегалните мигранти

Со новата одлука нерегуларните мигранти кои се наоѓаат во центрите за притвор во Италија, можат да бидат префрлени во центри во Албанија, каде што ќе останат до 18 месеци, чекајќи нивните земји да дозволат нивно враќање.

249

Италијанската Влада усвои нова одлука со која се дозволува префрлање на нерегуларните мигранти од центрите за притвор во Италија во прифатните центри во Албанија.

Според италијанските медиуми, оваа одлука се заснова на правна дупка како во италијанското законодавство, така и во европските регулативи за миграција, која може да дозволи користење на имигрантските центри во Албанија, кои досега останаа празни.






Со новата одлука нерегуларните мигранти кои се наоѓаат во центрите за притвор во Италија, можат да бидат префрлени во центри во Албанија, каде што ќе останат до 18 месеци, чекајќи нивните земји да дозволат нивно враќање.

Но, процедурата предвидува конечната депортација да се изврши од италијанска територија, што значи дека по престојот во Албанија мигрантите ќе се вратат во Италија за да бидат вратени во земјите од каде што потекнуваат. Во Италија, овој начин предизвика загриженост поради зголемените административни трошоци, бидејќи секој приведен мигрант ќе мора да биде придружуван од двајца полицајци за време на трансферите меѓу двете земји.

Албанија и Италија потпишаа договор за прифаќање мигранти на 6 ноември 2023година и беше најавено дека ќе профункционираат во мај минатата година. По неколкуте одложувања, првата група од 16 мигранти пристигна во септември, но беа вратени назад по одлуката на италијански суд. Тоа се случи уште во два наврати, па центрите се празни.

Во округот Лежа во пристанишниот град Шенѓин е  изграден центар за прифаќање, а во Ѓадр е изграден центар за сместување на мигрантите. Со нив управуваат италијанските власти.

Договорот потпишан меѓу двете земји предвидуваше во прифатниот центар во Ѓадр да бидат сместени 3.000 мигранти месечно или 36.0000 годишно, на кои во рок од еден месец треба да им се реши статусот. Со новата одлука тие ќе остануваат по 18 месеци.

Поврзани содржини