МЗШВ вчера доби нова согласност за набавка на пластични гајби наменети за берба, складирање и транспорт на овошје, што е од особено значење за производителите на јаболка, бидејќи значително ќе им биде олесната работата. Средставата за оваа набавка се обезбедени преку ИПАРД Програмата, Мерка 1- инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, информира од Ресен министерот за земјоделство, шумарство и водостопантсво Трајан Димковски
– Кофинансирањето ќе биде од 50 отсто до 75 отсто, а со набавка на овие пластични гајби кои се со капацитет до 20 килограми, на земјоделците им се олеснува бербата, транспортот и складирањето на јаболката. Пластичните гајби се многу полесни од дрвените, но истовремено се и полесни за одржување, особено во одржувањето на хигиената. Секако останува и понатаму да тече редовната набавка на бокс палети со капацитет од 300 килограми – изјави Димковски.