ЌЕ СЕ МЕНУВААТ ЦЕВКИ ВО ДОЛЖИНА ОД 11 КИЛОМЕТРИ Само тоа ќе го спаси Тетово од жед
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами најави ревизија на целиот проект и откри дека тој немал технички прием пред да биде пуштен во употреба.
Дефектот со водоснабдувањето во Тетово ќе се реши привремено, а на пролет се планира целосно да се замени водоводната мрежа во должина од 11 километри, велат од Општинското јавно претпријатие, од каде објаснуваат дека причина за честото пукање на истата цевка е што таа не е поставена според потребниот стандард за да го издржи притисокот на водата.
– Сега го поместуваме прстенот кој треба да го санира дефектот. Во рок од неколку денови или денес-утре може да се санира, но може и да потрае поради временските услови. Цевките во документација се напишани поинаку, а на терен има други цевки кои не ги исполнуваат критериумите и затоа се појавуваат дефекти. Во документот се наведени цевки од 12 бари, додека на терен има цевки од 6 бари кои не го трпат притисокот. Во координација со градоначалникот на пролет ќе ја разгледаме водоводната мрежа и приближно 10 или 11 километри цевки ќе треба да смениме – велат за Алсат од претпријатието.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами најави ревизија на целиот проект и откри дека тој немал технички прием пред да биде пуштен во употреба.
Половина Тетово веќе две недели е без вода за пиење.