ЌЕ СЕ КАНДИДИРАМ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО 2024 ГОДИНА Перо Камиказа вели дека на луѓето им се смачило од криминалци во политиката
Перо Камиказа потсетува дека на изборите за градоначалник на Скопје освоил повеќе од 25.000 гласови, а бил само на три билборди, со скоро нула буџет и медиумите го игнорирале.
„Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек“.
Вака вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за СлободнаТВ. Перо Камиказа потсетува дека на изборите за градоначалник на Скопје освоил повеќе од 25.000 гласови, а бил само на три билборди, со скоро нула буџет и медиумите го игнорирале.