📽️ ЌЕ СЕ КАЕТЕ ЗА ФРЕГАТАТА КАЈ ШРИ ЛАНКА, ЗАГРМЕ ИРАН „Ова е прво торпедирање брод по Втората светска војна“

Американскиот министер за одбрана потврди дека САД торпедирале ирански брод во Индискиот Океан, велејќи дека тоа е прв ваков настан по Втората светска војна. Иранскиот министер за надворешни работи им порача на САД дека горко ќе се каат за инцидентот во меѓународните води додека трае војната меѓу Иран, САД и Израел.

732

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, предупреди дека САД ќе се покаат за нападот на ирански воен брод во Индискиот Океан. Според Аракчи, американка подморница го потопила бродот на 3.000 километри од Иран. Бродот бил погоден без предупредување.

„Запомнете ги моите зборови. САД горчливо ќе се покаат за овој потег“, напиша иранскиот министер на социјалната мрежа Икс.






Фрегатата „Дена“ била во посета на индиската морнарица. На палубата имало речиси 130 морнари. Според зборовите на Аракчи, нападот се случил во меѓународни води.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, потврди дека американска подморница го потопила иранскиот брод.

– Беше потопен од торпедо. Тивка смрт – рече министерот.

 

Тој додаде дека станува збор за редок настан во модерната морнаричка историја.

– Тоа е прво потонување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна. Се бориме за победа – изјави Хегсет.

Воени аналитичари предупредуваат дека секој следен чекор може да го прошири конфликтот на море. Индискиот Океан, важен коридор за глобалната трговија, повторно станува сцена на геополитички судир.

Во меѓувреме трае и војната меѓу Израел и Иран. Израелската војска се пофали дека соборила 300 ирански ракетни лансери.

Португалија објави дека им дозволила на САД да ја користат базата „Лахес“ на Азорските Острови за време на нападите врз Иран.

Поврзани содржини