ЌЕ СЕ ИЗДАДЕ ЕВРООБВРЗНИЦА ОД 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Ќе биде поделена на два дела со различен рок на отплата
Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.
Еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година ќе биде поделена во два дела од по 500 милиони евра со различен рок на доспевање.
Ова го соопшти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинари на која посочи дека целта на издавање на еврообврзницата во два дела со доспевање во различен временски период е да се одржи стабилноста на јавните финансии на долг рок и да се обезбеди ликвидност за сервисирање на обврските што доспеваат.
Се прават анализи за рочноста на еврообврзницата, која би се издала во првиот квартал во 2026 годинава, а според министерката целта на овој модел е поголемата атрактивност кај инвеститорите за еврообрзниците коишто се над 500 милиони евра бидејќи може да се тргуваат на секундарниот пазар.
Средствата се потребни за исплата на Еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра која доспева во 2026 година.