Ќе се инсталираат нови мерни инструменти за квалитетот на амбиенталниот воздух

Министерството за животна средина и просторно планирање поради тоа најавува можни прекини во мерењето и неточност во податоците.

203

Почнувајќи од утре па во наредните седум дена можни се прекини во достапноста на податоците од мерењата на одредени загадувачки параметри, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

Оттаму информираат дека причината е инсталација на нови мерни инструменти за мерење во Автоматските мерни станици за квалитет на амбиентен воздух.

Поврзани содржини