ЌЕ СЕ ЧЕКА ДА ЗАВРШИ ИЗОЛАЦИЈАТА ЗА КОВИД-ПОЗИТИВЕН Нема шанси некој да не биде попишан

Ако не постојат услови за вакво нешто, тогаш имаме посебни протоколи како да се постапува во попишувањето во домаќинства кадешто имаме заболено лице или лица во изолација, вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски.

460

Доколку членовите на едно домаќинство кои треба да се попишат не се дома, тогаш попишувачите оставаат порака со временска одредница кога повторно ќе поминат. Оставаат и телефонски број во случај ако лицето не е во можност во наведениот период да биде дома, да закаже со попишувачот кога може да се спроведе попишувањето.

– Ова е техника која ја применувавме во сите пописи досега и секогаш се покажувала како успешна. Нема можност да биде никој изоставен и никој нема да седи дома 26 дена за да чека попишувачи, туку нормално си ги извршува своите секојдневни обврски – изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симевски.






Тој повтори дека во случаи кога граѓаните ќе инсистираат на вакцинирани попишувачи, тоа и ќе им биде овозможено, а во однос на бројот на вакцинирани попишувачи, рече дека точната бројка ќе се знае деновиве. Две третини, како што посочи Симевски, се вакцинирани бидејќи тоа го навеле кога се пријавиле за попишувачи.

За заболените од ковид-19, Симевски појасни дека Министерството за здравство на дневна основа ќе доставува списоци каде има заболени лица и лица во изолација.

– Нашата намера е да сочекаме, ако за тоа има можност, да излезат овие лица од изолација и тогаш да го спроведеме попишувањето, да биде најбезбедно и за самиот попишувач. Меѓутоа, ако не постојат услови за вакво нешто, тогаш имаме посебни протоколи како да се постапува во попишувањето во домаќинства кадешто имаме заболено лице или лица во изолација – појасни Симевски.

Поврзани содржини