ЌЕ СЕ БАРА ОТЧЕТ ЗА СЕКОЈ ПОТРОШЕН ДЕНАР Очекувам одговорност за тоа каде одат парите на народот, посочи Азески

Зборот „буџет“ ќе биде најизговорениот збор во наредниот период, истакна претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески по средбата со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

832

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески по средбата со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати порака до сите политички партии дека ставовите на Комората се јасни – ќе се бара отчет за секој потрошен денар.

– Очекувам да ни се случи одговорност за тоа каде одат парите на народот. Зборот „буџет“ ќе биде најизговорениот збор. Ќе си ги бараме нашите права и јавно велиме дека социјалните трансфери ќе бидат најневозможната мисија во иднина. Одиме чекор по чекор, за да не се случи најнепосакуваното – да го иселиме капиталот онаму каде што ќе нè примат со широко раширени раце. И ветуваме дека постојано ќе бараме од идниот претседател на државата да не го става потписот на оние закони за кои сметаме дека ќе му наштетат на бизнисот и на граѓаните – истакна Азески.






Претседателот на Стопанската комора се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според Азески листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – ова се дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани пред бизнис заедницата

Ковачевски на средбата се осврна на енергетската криза и како владата се справуваше со неа. Според него значителни резултати дадоа мерките со кои што државата им помогна на граѓаните и компаниите, за тие што полесно да ја надминат кризата. Укажа и на растот на просечната и минималната плата, но и на растот на пензиите.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

Поврзани содржини