ЌЕ ПРОДАДЕ ЛИ ИЛОН МАСК 10 ОТСТО ОД АКЦИИТЕ ВО „ТЕСЛА“? Луѓето на Твитер гласаа „за“ (ФОТО)
Неговиот твит се однесуваше на мини-анкета која им нуди на следбениците да гласаат „за“ или „против“. Според Блумберг, Илон Маск поседувал околу 17 отсто од акциите на Тесла на 30 јуни, компанија која моментално вреди 208,37 милијарди долари.
Најбогатиот човек во светот, Илон Маск, вети дека ќе продаде 10 отсто од своите акции во компанијата „Тесла“ ако неговите фанови гласаат така на твитер-анкета, а одговорот на скоро 58 отсто од 3,5 милион следбеници е „да“, пишува Јутарни. Славниот претприемач со овој чекор сака да покаже дека со тие пари нема да затајува данок, како што е обично пракса во светот. Со парите од продажбата на акциите Маск ќе мора лично да плати данок на добивка.
– Бев подготвен да го прифатам резултатот каков и да е – рече претприемачот, кој редовно ја користи социјалната мрежа за неочекувани објави или зачудувачки коментари. Тој не прецизираше кога и како има намера да ги продаде своите акции.
Најбогатиот човек во светот претходно го критикуваше најавениот данок на милијардерите од страна на демократите, пишувајќи на Твитер: „На крајот им снемуваат туѓи пари, а потоа доаѓаат по вас“.
Тој се наврати на темата во саботата и напиша дека „во последно време многу се зборува за нереализирана добивка како алатка за даночно затајување, па затоа предлагам да продадам 10 отсто од акциите на „Тесла“.
Much is made lately of unrealized gains being a means of tax avoidance, so I propose selling 10% of my Tesla stock.
Do you support this?
— Lorde Edge (@elonmusk) November 6, 2021
Неговиот твит се однесуваше на мини-анкета која им нуди на следбениците да гласаат „за“ или „против“. Според Блумберг, Илон Маск поседувал околу 17 отсто од акциите на Тесла на 30 јуни, компанија која моментално вреди 208,37 милијарди долари.
Со продажба на 10 отсто од акциите, теоретски тој би можел да добие нешто помалку од 21 милијарда долари. Неговото богатство исто така порасна бидејќи вредноста на акциите се зголеми од околу 130 долари на почетокот на 2020 година на 1.222,09 долари вечерта во петокот.
Со своите акции во другите негови компании, а особено во компанијата за ракети „СпејсИкс“, Илон Маск е теоретски најбогатиот човек во светот со 338 милијарди долари, според процената на Блумберг.
„Не заборавајте дека никаде не добивам плата или бонус“, истакна тој на Твитер во саботата. „Имам само акции и единствениот начин лично да го платам данокот е да ги продадам“, додаде тој.