ЌЕ ПЛИВАМЕ ОД УТРЕ Поправен е дефектот во базенот во СЦ „Борис Трајковски“

Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25,5 степени, која се очекува дека ќе биде во пораст во наредните денови.

274

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ информира дека од утре (петок) базенот продолжува со работа.

„Во изминатите денови наш приоритет беше надминување на проблемот со дефектот, кој е брзо отклонет со што репрезентативците ќе може непречено да ги одржуваат своите тренинзи преку програмите пропишани од нивните тренери кои макотрпно работеа изминатите години со своите пливачи, соопштија од СЦ „Борис Трајковски“.






Базенот ќе започне со работа со температура на вода од 25,5 степени, која се очекува дека ќе биде во пораст во наредните денови.

Од Центарот им препорачуваат на клубовите да почнат со тренинзи од 31.01.2022 година (понеделник) кога се очекува температурата на водата да биде повисока.

Поврзани содржини