ЌЕ ПАДНЕ ЦЕНАТА И НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ Бектеши за ТВ21 откри дека ќе се намалат царинските тарифи
Министерот Бектеши најави, дека покрај маркетите ќе следи и проверка на цените на пазарите.
Министерот за економија Крешник Бектеши во „10 минути“ на ТВ21 најави дека утре Владата на предлог на Министерството за економија ќе донесе одлука за намалување на царинските тарифи за земјоделските производи.
– Нема да се случи само за 3-4 земјоделски производи каде што смета Министерството за земјоделство дека имаме значителни количини за покривање на пазарот во државата и тоа сигурно ќе влијае на намалувањето на земјоделските производи воопшто и верувам дека ќе имаат намалување до 30 отсто со намалувањето на царинските такси. Ќе се намалат царините од 65 на 10 отсто за значителен број земјоделски производи – рече Бектеши.
Министерот во емисијата откри дека токму поради непочитување на оваа мерка, затворени се неколку маркети во Тетово, Гостивар и Куманово.
Бектеши најави и проверка на цените на пазарите.