Ќе опаѓа бројот на заразени, битно е да се знае ланецот на трансмисија, вели Филипче

Во огромен процент се знаат кластерете и преносот на вирусот , а овој систем на пронаоѓаање на контактите стави многумина во изолација и го спречивме натамошното ширење на вирусот, но интензивни беа контактите, на пример, во Тетово, Ресен. Со почитување на мерките за заштита, трендот на заразени оекуваме да почне да се намалува - очекува Филипче.

1,658

Во врска со тоа дека капацитетите во некои болници се полни, а во ГОБ „8 септември“, на Инфективната клиника и во други болници кадарот е преоптеретен, како и за тоа дека по најновиот пораст на заболени, Македонија спаѓа меѓу најлошо рангираните во ЕУ, а министерот Филипче сепак тврди дека ситуацијата е под контрола, тој денеска изјави:

– Прво во огромен процент се знаат кластерите и преносот на вирусот , а овој систем на пронаоѓање на контактите стави многумина во изолација и го спречивме натамошното ширење на вирусот, но интензивни беа контактите, на пример, во Тетово, Ресен. Битно е да се знае ланецот на трансмисија, а спо податоците за Ресен уште денеска се интервенираше со прекин на работа на погоните и 600 луѓе  нема да одат на работа. Ширењето на вирусот беше најмногу на семејни настани. Со почитување на мерките за заштита, трендот на заразени оекуваме да почне да се намалува. Предвидувањата на епидемиолозите за податоците и за исцрпувањето на контактите од анкетите во изминатиот период, пред се, на жариштата, се дека бројот на заболени ќе се намалува. Сведоци сме дека луѓето кажуваат нови и нови контакти и има повторно заразени во места со помал број на дијагностицирани, како во Ресен – рече Филипче и додаде дека мора да знаеме и да научиме дека мора да живееме со носење маски и одржување дистанца.






Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 113 пациенти, на респираторна машина се 10, а со потешка клиничка слика се 21 пациент. Во ГОБ „8 Септември“ тимот се зајакнал со шест доктори, двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од Отешево и болницата во Гостивар.

Министерот изјави дека се засилени со кадар и двете главни болници каде се лекуваат пациентите со ковид-19 – на Инфективната клиника дојдоа пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, за ендокринологија и од Институтот за туберкулоза, еден доктор тетовската Клиничка болница и еден од Општата болница во Охрид и  медицински сестри од Специјалната болница Јасеново, болницата Кавадарци, Кочани и од Кичево.

– Следува период во кој добар дел од пациентите ќе се отпуштаат од болница. Но, не е суштината ние континуирано да имаме ист број заболени или зголемување, туку суштината е да го заштитиме здравствениот систем и луѓето да научат да се придржуваат до мерките. Нема друг начин, ниту кај нас, ниту ќе има некаде во светот – појасни министерот.

 

Поврзани содржини