Е НЕ, САМО СКОПЈЕ Д’ИМАТ! Охрид добива свој џез-фестивал

Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот.

428

Општина Охрид, со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации, го организира првиот Охридски џез-фестивал.

Фестивалот ќе се почне вечерва со настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека за утревечер на програмата е концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.






Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот. Влезот е слободен.

Поврзани содржини