ЌЕ МУ КАЖАМ, АКО ГО ИНТЕРЕСИРА Пендаровски тврди дека го посетувале блиски соработници на Мицкоски
Тајни средби кај мене немало. Меѓутоа, ако приложи доказ во таа смисла, а јас ви тврдам дека такво нешто не постои, јас тогаш можам него да го прашам дали него го интересира кој сè барал прием кај мене и да му кажам датуми, имиња и презимиња, затоа што станува збор за неговите најблиски соработници од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. И ако го интересира можам да му кажам што бараа од мене во таа насока. Некои од нив се и меѓу највисоките носители на пратенички листи, рече Стево Пендаровски на митингот во скопска Гази Баба.
Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања.
Граѓаните побараа одговор дали се точни обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во неговиот кабинет имало тајни преговори за амнестија на политичари. Истакнувајќи дека тој веројатно е најтранспарентниот претседател во историјата на Македонија, Пендаровски рече дека неговата работа во секое време била на увид на јавноста.
– Сега ако господинот Мицкоски тврди дека имало тајни средби не би било лошо еден доказ во таа насока да приложи дали нешто такво се случувало, а не само чаршиски муабети да прераскажува. Тајни средби кај мене немало. Меѓутоа, ако приложи доказ во таа смисла, а јас ви тврдам дека такво нешто не постои, јас тогаш можам него да го прашам дали него го интересира кој сè барал прием кај мене и да му кажам датуми, имиња и презимиња, затоа што станува збор за неговите најблиски соработници од извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. И ако го интересира можам да му кажам што бараа од мене во таа насока. Некои од нив се и меѓу највисоките носители на пратенички листи. Значи, прво нека ми даде доказ за ова, ќе влеземе во дебата. И ако е мераклија можам и за ова да му кажам датум, имиња и презимиња, најблиските негови соработници пред 2 ипол години бараа прием кај мене, беа примени, јас ќе му кажам што точно разговаравме – додаде Пендаровски.