📷 ЌЕ МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ, НЕКОЈ УПОРНО ГО ПОТПАЛУВА ГРАДОТ Орце Ѓорѓиевски им заблагодари на пожарникарите за херојството во Пинтија

После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко - вистински чувари на градот и наши херои! Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара, пишува градоначалникот на Кисела Вода и најави одговорност за потпалувачите.

3,612

Некој упорно сака го потпалува градот и за тоа ќе мора да има одговорност, објави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во врска со пожарот во сервис во населбата Пинтија кој изби рано наутро повикувајќи ги МВР и Јавното обвинителство на реакција.

Ѓорѓиевски објави фотографија со командирот на Противпожарната бригада на Скопје, благодарејќи му на брзата акција.






„После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои! Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.

Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат. Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви. Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!“, напиша Ѓорѓиевски и објави слики од пожарот.

❗️После целовечерна борба со три пожари во Скопје, утринско кафе со командирот на Противпожарната бригада, Звонко – вистински чувари на градот и наши херои!
Во продолжение на неколкудневните пожари во градот, оваа ноќ во 04:00 часот беа запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.

Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно згаснат.
Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви. Ова што се случува е повеќе од случајност, ова е алармантно!

 

Поврзани содржини