ЌЕ МЕТАТ ЛИ УЛИЦИ МАЛОЛЕТНИТЕ ВАНДАЛИ, ЗАЕДНО СО РОДИТЕЛИТЕ? Герасимовски бара измени на повеќе закони

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и на Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и за ресоцијализација. Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа.

6

Општокорисната работа и превенцијата на вандализмот кај малолетните лица се темите на кои разговараа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер.

„Беа разгледани насоки за склучување меморандум за меѓународна соработка и за почнување пилот-проект во општинските училишта, со вклучување на учениците, наставниците и родителите, а со цел да се изнајдат решенија и да се спроведат координирани активности за превенција на девијантни појави кај малолетниците. Експертите на УНИЦЕФ споделија искуства од регионот и светот, нагласувајќи дека проблемите поврзани со децата можат да се надминат само преку обуки, едукација и активно учество на целата заедница. Се разговараше и за потребата од дополнителна регулација во областа на правата на децата и на малолетничката деликвенција, преку подзаконска рамка и унифицирање на постапувањето на сите надлежни институции на државно ниво“, соопшти Општина Центар.






Општина Центар прва ја покрена иницијативата, а потоа ја поддржа и ЗЕЛС, за воведување општокорисна работа како воспитна мерка за малолетни сторители на вандализам.

– Вандализмот е сериозен проблем што бара итна и координирана реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со одговорност, заедно со нивните родители – порача градоначалникот Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и на Законот за правда за децата, со цел општокорисната работа да стане системска мерка која ќе придонесе за превенција и за ресоцијализација. Дополнително, побарани се измени во Законот за семејство и Законот за извршување санкции, со кои би се вовела и одговорност на родителите преку заедничко учество во општокорисната работа.

Поврзани содржини