ЏЕЈ ЛО ПАДНА ВО ЗАБОРАВ Поранешниот сопруг ја покажа новата девојка (ФОТО)

Новата девојка на славниот музичар се вика Маду Никола Харис, а на црвениот тепих блескаше во прегратката на својот сакан.

1,699

Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони, се појави со новата девојка на црвениот тепих на доделувањето на латино наградите „Билборд“. Сите очи на присутните и блицовите на камерите беа вперени во нив, а колку двојката е вљубена сведочеше и бакнежот кој се случи пред нив.

Имено, новата девојка на славниот музичар се вика Маду Никола Харис, а на црвениот тепих блескаше во прегратката на својот сакан.






Маду носела прекрасен елегантен црн фустан, додека Марк останал доследен на својот препознатлив стил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Anthony (@markanthony_fan)

Пејачот беше номиниран за тропски музичар на годината и за песна на годината, но Принц Ројс ги освои двете награди.

Марк се разведе од манекенката Шенон Де Лима во 2017 година по само две години брак, а претходно беше во брак со Џенифер Лопез, со која ги доби близнаците Ема Марибел Мунџиз и Максимилијан Дејвид Мунџиз, сега веќе 13-годишни.

Лопез во последните месеци ги полни насловните страници на таблоидите со обновената врска со актерот Бен Афлек.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини