ЏЕЈ ЛО НАСТАПИ ВО ВЕНЧАНИЦА Сака да му порача нешто на Бен Афлек? (ВИДЕО)

Латино дивата на сцената излезе во фустан со необичен крој, кој многумина потсети на венчаница.

1,558

Латино дивата Џенифер Лопез во неделата  настапи на Американските музички награди во Лос Анџелес и ја изведе новата песна „On My Way“ од претстојниот филм „Омажи се за мене“, во кој глуми покрај Овен Вилсон.

Таа на сцената излезе во фустан со необичен крој, кој многумина потсети на венчаница.






„Невестинскиот“ изглед го надополни со посебен украс на главата, кој како вел ѝ го покри лицето.

Публиката можеше да забележи дека овој пат Џеј Ло не настапи во нејзините препознатливи секси костими припиени на телото, со длабоки деколтеа и процепи, туку во нежен романтичен фустан. Затоа, многумина се прашуваа – дали латино дивата сака да порача дека  е подготвена повторно да заплови во брачните води. Џеј Ло во моментот е во врска со актерот Бен Афлек, со кога ја возобнови романсата од пред 17 години.

Некои корисници на социјалните мрежи коментираат дека Џенифер со овој стајлинг му праќа порака на Афлек дека е подготвена да се венча со него.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини