„ЌЕ КАЖАМ КАДЕ СИ, СО КОГО СИ И ЗОШТО ТЕ БОЛИ СТОМАК“ Француски рапер му се закани на Мбапе и му порача да го остави ПСЖ

Килијан Мбапе поднесе тужба против ПСЖ, барајќи морална компензација од неверојатни 55 милиони евра, тврдејќи дека бил изложен на „морално вознемирување“.

845

Килијан Мбапе веќе не е само на суд со својот поранешен клуб ПСЖ – сега има јавен спор и со познатиот француски рапер „Буба“, кој се огласи на платформата „X“ со сериозна лична закана. Сè започна кога Мбапе поднесе тужба против ПСЖ, барајќи морална компензација од неверојатни 55 милиони евра, тврдејќи дека бил изложен на „морално вознемирување“.

Во својата објава раперот „Буба“ не штедеше зборови:






„Ако не го оставиш Ал‑Келаифи на мир, ќе кажам јавно што се правиш на Палм Бич, со кого си и зошто те боли стомакот“.

Раперот ја дополнува заканата со јасен предлог:

„Играј фудбал, постигнувај голови и продавај дресови. Нема да нè вознемируваш уште многу, Кики. Извади го паричникот!“.

 

Килијан Мбапе играше седум сезони за ПСЖ, од 2017 до 2024 година. Тој даде вкупно 256 гола на 308 натпревари и со тоа стана најдобар стрелец во историјата на парискиот гигант. Освои шест титули, четири француски купа, два Лига купа и три француски Суперкупа. Играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2020 година, во кое ПСЖ загуби од Баерн. Откако тој замина од клубот, ПСЖ сезонава ја освои Лигата на шампионите.

Поврзани содржини