ЌЕ ИСТУРА УТРЕ ПОПЛАДНЕ Преку ден ќе има повеќе облаци

378

Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде времето утре. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни, особено во јужните делови (од 20 до 30 l/m2), а во останатите (од 10 до 15 l/m2).

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.






Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Времето во наредните денови ќе биде облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер.

Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Поврзани содржини