ЌЕ ИНИЦИРАМЕ РЕФЕРЕНДУМ АКО СОФИЈА МУ ПОПУШТИ НА СКОПЈЕ Џамбаски се закани со масовни протести низ цела Бугарија
Ако има и најмало навестување за повлекување, тогаш би го поставиле прашањето за свикување национален референдум на оваа тема, истакна бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Ако нашата влада се повлече од официјалниот бугарски став во однос на преговорите со Република Северна Македонија, тогаш ние како партија ВМРО ќе иницираме национален референдум за ова прашање, а ќе има и масовни протести, истакна бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.
Според него, можната промена би го разнела бугарското општество и би довело до протести низ целата земја.
„Ги повикуваме претседателот, министрите и политичките партии застапени во Парламентот да се однесуваат одговорно по прашањето за Македонија и да не отстапуваат од оваа бугарска позиција. Ако има и најмало навестување за повлекување, тогаш би го поставиле прашањето за свикување национален референдум на оваа тема“, истакна Џамбаски, цитиран од БНР.
ВМРО ги повика сите бугарски граѓани кои го поддржуваат нивниот став да дојдат пред Претседателството на 10 јануари за време на Советодавниот совет за национална безбедност, што ќе го свика претседателот Румен Радев.