ЌЕ ИМА МНОГУ ЛАГИ, ШПЕКУЛАЦИИ, ПОДМЕТНУВАЊА Мицкоски очекува опозицијата да води валкана кампања
Мицкоски, по промовирањето на изборната коалиција и потпишувањето на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ги презентираат резултатите и сè што имаат сработено градоначалниците во изминатите четири години.
Очекувам кампања во којашто ќе изобилуваат шпекулации, конструкции, подметнувања, невистини од страна на опозицијата и малкумината поддржувачи на опозицијата, изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање, каква кампања очекува од партиите за локалните избори.
Мицкоски, по промовирањето на изборната коалиција и потпишувањето на документот „Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина“, посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ги презентираат резултатите и сè што имаат сработено градоначалниците во изминатите четири години.
– Ние како коалиција имаме со што да излеземе пред граѓаните, што сме направиле во изминатите четири години во општините, што сме направиле во изминатите 15 месеци какошто сме централна власт и ќе се обидеме да направиме разлика меѓу оние седум години, кога ДУИ и СДСМ беа во Владата и овие четири години кога оваа коалиција управуваше со најголемиот дел од општините и оваа коалиција управува сега со Владата во Македонија – изјави Мицкоски.