ЌЕ И СЕ СУДИ НА 96-ГОДИШНА НАЦИСТКА ВО ГЕРМАНИЈА Пробала да избега, денеска ја фатиле

Ирмгард работела како дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот Штатхоф , Пол-Вернер Хопе, во близина на денешниот полски град Гдањск, кој тогаш беше окупиран од нацистичка Германија и познат како Данциг. Во последните две години пред крајот на војната, се вели дека таа знаела клучни детали за она што се случувало во концентрациониот логор.

3,025

Безмалку стогодишна баба од старечки дом во германскиот радот Квикборн пробала да избега од судењето кое ја чекало затоа што била нацистка и соработничка во 11.000 убиства во познатиот концентрационен логор во Штатхоф, пишува Би-Би-Си. Судењето веќе било почнато кога полицајците успеале да ја приведат жената на улица во Хамбург кајшто брзо пристигнала со метро.

Госпоѓа Ирмгард Фурнер има 96 години и веројатно е последниот преживеан нацист од режимот на Хитлер кој е уште жив за да му се суди. Дури, судењето се одвивало во суд за малолетници, бидејќи Ирмгард во тоа време била под полнолетна возраст.






Таа моментално е во притвор, а доктори ќе одлучуваат колку таа смее да биде во притвор поради нејзината возраст. Тоа што е познато, е дека на судењето ќе сакаат да присуствуваат многу луѓе од Германија, па наместо во судница ќе ја судат во холот на една компанија за логистика во местото Ицехое.

Ирмгард работела како дактилографка во канцеларијата на командантот на логорот Штатхоф , Пол-Вернер Хопе, во близина на денешниот полски град Гдањск, кој тогаш беше окупиран од нацистичка Германија и познат како Данциг. Во последните две години пред крајот на војната, се вели дека таа знаела клучни детали за она што се случувало во концентрациониот логор.

За време на судењето на командантот Хоп, кое се случило во 1954 година, Ирмгард открила како тој ѝ диктирал пораки, но тврдела дека таа не знае ништо за нацистичките убиства во Штатхоф. Нејзиното апсење по толку години ја разбранува Германија.

Група на граѓани што ги претставува преживеаните нацисти и роднини на загинатите изразиле револт што Ирмгард успеала да избега.

„Тоа покажува неверојатен презир кон владеењето на правото и преживеаните“, рекле од Меѓународниот комитет Аушвиц.

Судијата Доминик Грос претходно го одложи случајот до 19 октомври. Поради возраста на жената, судот се очекува да заседава повеќе од два часа дневно. После сѐ, случајот со Ирмгард е тежок – таа била само цивилен работник во Штатхоф.

Во логорот Штатхоф, познат по ужасните услови, биле задржани околу 100.000 луѓе, а се проценува дека 65.000 починале. Имало гасни комори, а луѓето биле убивани со гасови, со пукање и со смртоносна инјекција, но умирале и од смрт и од глад.

Меѓу убиените кај Штутхоф има многу Евреи, но и не-еврејски Полјаци и заробени советски војници. Во март, поранешниот чувар на логорот Штатхоф беше прогласен за несоодветен за судење, додека минатата година друг чувар на логорот, Бруно Деј, беше прогласен за виновен за соучество во убиството на повеќе од 5.000 затвореници. Тој доби условна казна затвор.

Поврзани содржини