Ќе го гледате во живо натпреварот Македонија-Австрија? Мора да ги почитувате овие правила!

Поради коронавирусот од страна на огранизаторите на средбата, беше претставен специјален водич за сите оние кои точно во 18 часот во недела ќе го видат во живо стартот на дуелот Македонија-Австрија.

1,467

Целата македонска нација со нетрпение го очекува дебитантскиот настап на нашите фудбалери на првото Европско првенство во фудбал, кога избраниците на селекторот Ангеловски во недела со почеток од 18 часот ќе ги одмерат силите против репрезентацијата на Австрија од групата Ц.

Сепак, поради пандемијата со ковид-19, поради која ќе биде ограничен бројот на навивачи на Националната арена во Букурешт, само околу 2.000 поддржувачи на Македонија ќе можат да го гледаат натпреварот во живо. Но поради коронавирусот од страна на огранизаторите на средбата, беше претставен специјален водич за сите оние кои точно во 18 часот во недела ќе го видат во живо стартот на дуелот Македонија-Австрија, истиот е објавен и на страната на ФФМ.






Навивачите ќе мораат да ја преземете апликацијата за Билети за мобилни телефони (iOS / Android) и го проверете нивниот билет со кој ќе може да влезат на стадионот.

Доколку навивачите се вакцинирани, или го прележале ковид-19 или биле негативни на ПЦР тест 72 часа пред натпреварот, тогаш треба да одат од акредитираните медицински центри и да ја земата нараквицата за пристап. Истата може да ја набавите почнувајќи од сабота, 12 јуни, во 8:00 часот од еден од наведените медицински центри. Постапката за верификација ќе чини 5 леи.

Оние кои немаат докази за имунизација против ковид-19, веднаш треба да одат во некој од акредитираните медицински центри, а може да се тестираат почнувајќи од Сабота, 12 јуни, од 16:00 часот до времето на натпреварот.

Поддржувачите на Македонија треба да имаат на ум дека мора да бидете присутни на стадионот одредено време пред натпреварот, а таа информација е прикачена на билетот.

Постапката за тестирање ќе ги чини 40 леи, но нараквица за пристап ќе добија оние кои ќе имаат негативен тест.

Оние кои ќе имате позитивен тест, не може да го гледаат натпреварот, нема ниту да ја добијат нараквицата, но може да го пренесат билетот преку апликацијата на пријател, кој мора да ја набави нараквицата.

Многу е важно на стадионот да се пристигне со трите потребни предмети: билет, нараквица и личен документ за идентификација. Во спротивно, влезот ќе биде забранет, ако немаат некој од овие документи. Се препорачува задолжително да се внимава на времето за пристап на стадионот означено на билетот, а со тоа да се избегнете метеж на влезот и во транспортните средства.

На стадионот се препорачува да не се доаѓа со багаж поголем од димензиите на лист А4, а исто така, нема да биде дозволено да влегување со чадори, храна или пијалоци.

Доколку имате видео камера или професионален апарат и сакате да го овековечите овој посебен момент, сепак нема да биде дозволено да ги внесете на стадионот, единствено ќе може да се внесе мобилен телефон.

Штом ќе дојдете на портата на стадионот, носењето маска е задолжително се додека не заминете по завршувањето на натпреварот. Носете резервни маски во случај да се оштети првата.

Само хируршките или FFP маските се прифаќаат, а не оние направени од друг текстил.

Во внатрешноста на стадионот ќе можете да купите вода, сокови и сендвичи. Храната може да се конзумира само на местата распоредени во близина на продажните места.

Ќе можете да влезете на трибините само со пијалоци.

Моментите кога јадете или пиете се единствените кога не носите маска. Во спротивно, маската е задолжителна и мора да ги покрие устата и носот.

Алкохолот не е дозволен на стадионот.

Дезинфицирајте ги рацете секогаш кога имате можност.

На стадионот ќе најдете диспензери со средства за дезинфекција – користете ги!

Вие го правите тоа за Ваша лична заштита.

Држете го своето место наведено на билетот.

Дизајниравме систем за дистрибуција на билети за да обезбедиме растојание што Ве штити од ризик да добиете ковид-19.

Не ја компромитирајте оваа безбедносна мерка, таа е за Вашето здравје.

На крајот од натпреварот, не правете метеж.

Обезбедени се доволни одливи за да не настане метеж.

Волонтерите се таму за да ве водат кон излезот.

Ако сте ги испочитувале сите епидемиолошки мерки откако дојдовте на стадионот, не ги откажувајте на крајот со преполнување на портите.

Ќе ги сретнете волонтерите низ целиот стадион, од моментот кога ќе влезете додека не заминете.

Тие се таму за да ви помогнат, да ве водат.

Волонтерите го прават ова за Ваша погодност, тие не се платени за нивната работа.

Им благодариме, им благодариме и ним!

Уживајте во ЕУРО 2020!

Вие сте еден од ретките кои имаа шанса да учествуваат на овој специјален настан за време на пандемија.

Ден за паметење!

Поврзани содржини