ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИМЕ СИТЕ МЕХАНИЗМИ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ БЕСА, сепак, ќе ги поддржи законите во интерес на граѓаните
Ќе ги искористиме сите можни демократски механизми за да ја постигнеме оваа цел и нашите пратеници во собранието исто така ќе бидат на оваа линија, вели Демири.
Движењето БЕСА ќе ги искористи демократски механизми за предвремени парламентарни избори, но истовремено ќе ги поддржи сите предлози и закони кои се во интерес на граѓаните. Вака изјави Абдуш Демири во „Патот кон“ на Алсат, обвинувајќи ги владејачките партии дека им даваат предност на законите кои се во нивен личен интерес.
– Како опозициски политички субјект и ние сме многу заинтересирани земјата што поскоро да оди на предвремени парламентарни избори, што значи дека ќе ги искористиме сите можни демократски механизми за да ја постигнеме оваа цел и нашите пратеници во собранието ќе бидат на оваа линија. Но, тоа не значи дека за работи кои се во директен интерес на граѓаните, тие иницијативи и проекти секако ќе се гласаат. Сведоци сме на штрајк на вработените во образованието. Со многу труд и со штрајк за постигнување на целта. Ова можеше навреме да го донесе Владата, но еве парламентарното мнозинство ни испраќа порака дека тоа може да се добие само ако се вложат максимални напори преку разни механизми, штрајкови, протести и други иницијативи – рече Демири.