ЌЕ ГИ ИСКОРИСТИ ЛИ МАКЕДОНИЈА ПОЗИТИВНИТЕ ПРАКТИКИ НА ШВЕДСКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО? Предлози од Шведско-македонската стопанска комора

Новоформираната Шведско-македонска стопанска комора испратила конструктивни предлози до надлежните институции во земјава кои се однесуваат на нацрт-законот за Заштита од пушењето. 

0

Шведското позитивно искуство и експертиза во креирањето стратегии за заштита на јавното здравје преку намалување на штетите може да се искористат и во Македонија, која во моментов подготвува нова законска регулатива за заштита од пушење. На ова укажа новоформираната Шведско-македонска стопанска комора во својата јавна објава дека како бизнис заедница испратила конструктивни предлози до надлежните институции во земјава кои се однесуваат на нацрт-законот за Заштита од пушењето.

Оваа комора смета дека во носењето на законската регулатива која се однесува на пушењето, од голема важност е да постои информирана јавна дебата, донесување одлуки засновани на наука и избалансирана регулатива што го штити јавното здравје, а воедно обезбедува практична и одржлива имплементација на регулативата. Притоа, јавните политики треба да се креираат водени од научни податоци, најдобри меѓународни практики и инклузивна дискусија со засегнатите страни. Затоа, оваа комора како поддршка ја нуди својата експертиза и конструктивна соработка во насока на остварување што подобри резултати во јавното здравје во Македонија.






Шведското искуство во стратегиите за јавно здравје е релевантно и добива признанија во меѓународни рамки бидејќи Шведска денес важи за прва земја во светот без чад, со стапка на пушење од само 4,5 отсто кај возрасната популација. Според дефиницијата на Светската здравствена организација (СЗО), за една земја да има статус „земја без чад“, стапката на пушење треба да биде пет отсто или под оваа граница. Овој статус на Шведска се должи на традиционалната повеќевековна употреба на снус, како и на никотински ќесички во поново време, што резултираше со намалување на употребата на цигари кај возрасната популација и доведе до значително пониски стапки на заболувања и смртност поврзани со пушењето од останатите земји-членки на ЕУ. Шведските здравствени власти со гордост го истакнуваат фактот што постигнатите резултати во борбата со пушењето не се постигнати со строги забрани и рестриктивни мерки, туку дека се должат на долгорочна стратегија која се фокусира на намалување на штетите од пушењето базирани врз докази и научни сознанија.

Кога се разгледува шведското искуство, станува јасно дека успехот не доаѓа преку ноќ. Државата и стручната јавност со децении внимателно ги следат резултатите и учат од нив. Токму тие сознанија подоцна се претвораат во одржливи политики, но и во јасни и разбирливи информации за граѓаните. Возрасното население добива пристап до проверени, научно поткрепени податоци за сите опции што ги има кога станува збор за сопственото здравје. Во Шведска одлуките за јавното здравје се носат врз основа на факти, а не на претпоставки, и притоа се слуша гласот на сите засегнати страни. Тоа резултира со ефикасни политики за јавно-здравје, но и со значајни социјални и економски придобивки за населението.

Поврзани содржини